Доналд Трамп, кој победи на претседателските избори во САД, за време на средбата во Париз со Владимир Зеленски и францускиот претседател Емануел Макрон, рече дека сака итен прекин на огнот во Украина и преговори за брз крај на конфликтот, пренесува Ројтерс, цитирајќи извори.
– Тројцата лидери, кои зборуваа 35 минути без советници, не разговараа за конкретни детали за каква било визија за мир, но Трамп повтори дека сака итен прекин на огнот и преговори за брзо завршување на војната – се наведува во текстот на агенцијата.

