18 јануари, 2025
ПочетнаСВЕТПутин призна: „Ако развиеме доволно "Орешник", повеќе нема да ни треба нуклеарно...

Путин призна: „Ако развиеме доволно “Орешник”, повеќе нема да ни треба нуклеарно оружје“

Светот за прв пат слушна за оваа балистичка ракета со среден дострел на 21 ноември, кога Русија ја тестираше во напад на Днипро. Путин откри дека Русија во моментов тестира неколку системи слични на Орешник.

Во вторникот, за време на состанокот на Советот за развој на граѓанското општество и човековите права, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија нема да има потреба да користи нуклеарно оружје доколку произведе доволно Орешник.

-Не треба да ја унапредуваме нуклеарната доктрина, туку треба да произведеме голем број Орешници. Доволен број од овие модерни системи ја елиминираат потребата од нуклеарно оружје – рече Путин.

Светот за прв пат слушна за оваа балистичка ракета со среден дострел на 21 ноември, кога Русија ја тестираше во напад на Днипро. Путин откри дека Русија во моментов тестира неколку системи слични на Орешник.

Русија го лансираше Орешник, откако Украина за прв пат гаѓаше воени цели во регионите Курск и Брјанск со американски и британски ракети ATACMS и Storm Shadow.

Путин веќе се закани дека ќе го таргетира Киев со оваа ракета. По ракетниот тест, белорускиот диктатор и голем сојузник на Путин, Лукашенка побара од Москва да му достави околу 30 Орешници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП