3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАNokia прави 8-инчен таблет

Nokia прави 8-инчен таблет

illisionist

„Nokia“ веќе претстави еден таблет – „Lumia 2520“ (на сликата), a изгледа дека компанијата започна со работа на уште еден сличен уред, но овој пат станува збор за 8-инчен таблет.

Според информациите, финската компанија работи на 8-инчен „Windows RT“ таблет, кој го има кодното име „Illusionist“. Останатите информации за овој таблет и натаму остануваат непознати, барем засега, но многумина шпекулираат дека станува збор за евтин таблет, а се споменува дека „Nokia“ прави таблети на платформата „Windows RТ“ само за да го задоволи „Microsoft“, кој ќе го превземе мобилното одделение на „Nokiа“.

Од претходно знаеме дека „Microsoft“ и „Nokia“ во иднина ќе продаваат „Windows RT“ уреди. Засега нема повеќе детали за лансирањето, цената, па дури и фотографии од овој таблет, но овие податоци ќе ги добиеме наскоро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП