21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрошоците за живот во ноември зголемени за 4,3 отсто

Трошоците за живот во ноември зголемени за 4,3 отсто

Според пресметките на Државниот завод за статистика, трошоците на животот во ноември 2024 година, во однос на ноември 2023 година бележат зголемување од 4.3 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 4.0 %.

Според статистика, зголемувањето на инфлацијата во ноември 2024 година, во однос на октомври 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: храна и безалкохолни пијалаци за 2.1 %, рекреација и култура, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 1.5 %, ресторани и хотели за 0.8 %, облека и обувки, здравје за 0.2 %, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.1 %.

Во ноември 2024 година, во однос на октомври 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: транспорт за 0.9 %, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.3 %, разновидни стоки и услуги за 0.1 %.

Трошоците на животот во групите комуникации и образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во ноември 2024 година, во однос на октомври 2024 година, изнесува 1.0 %.

Индексот на цените на мало во ноември 2024 година во однос на октомври 2024 година изнесува 100.3.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП