Дека негативните влијаниа од најмоќната европска економија Германија полека се пресликуваат и во земјава датврда даде и извештајот на Државниот завод за статистика.
Извозот кон германија драстично е намален, а тоа дополнително ќе предизвика и други турбуленции со партнерите од земјава кои соработуваат со германските компании. Од здружението на компании со високотехнолошки процедури во работењето, кои најчесто се сместени во индустриските зони и работата за извоз велат дека допрва ќе се почуствува проблемот кој го има Германија.
Извозот од Македонија во Германија во првите 10 месеци од годинава во однос на истиот период лани е намален за близу 416 милиони евра. Официјалните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека од јануари до октомври лани извозот од земјава за најмноќната европска економија изнесувал 3 086 231 илјади евра. Во истиот период годинава извозот изнесува 2 670 405 илјади евра. Дека земјава се соочува со криза во извозот потврда дава извештајот кој вели дека генерално извозот од Македонија во странство бележи пад од 5,6 отсто.
„Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – октомври 2024 година, изнесува 6 564.1 милион евра и бележи пад од 5.5 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 9 189.4 милиони евра, што е за 0.5 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – октомври 2024 година, изнесува 2 625.3 милиони евра“, се наведува во извештајот на ДЗС.
Првиот удар веќе го почувствуваа странските инвестиции кои се дел од автомобилскиот сектор. Токму тие компании имаат намалени нарачки и веќе прават планови како да се надмине оваа криза.
Премиерот Мицкоски пред две недели потенцираше дека е можно кризата во Германија да се одрази негативно во земјава во текот на следната година.
И.П