27 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЛуѓето лудуваат по него, но тие не можат да постигнат да го...

Луѓето лудуваат по него, но тие не можат да постигнат да го произведат!

„Huawei“ пред две недели ја претстави серијата на телефони „Mate 70“ во Кина, а корисниците се повеќе од заинтересирани да видат за што се работи.

Новата серија „Huawei Mate 70“ се состои од следните модели: „Mate 70“, „Mate 70 Pro“, „Mate 70 Pro+“ и „Mate 70 RS Ultimate“. Од раководството на компанијата велат дека веќе имаат импресивни резултати кога е во прашање продажбата.

Според „Huawei“, клиентите во Кина веќе резервирале 6,7 милиони примероци од телефонот „Huawei Mate 70“ (треба да се напомене дека се работи за резервации, а не за нарачки).

Во суштина, серијата „Huawei Mate 60“ беше водена од силно чувство на национална гордост, па затоа е за очекување „Mate 70“ да „вози на истиот бран“.

Всушност, новите извештаи на локалните медиуми велат дека првичните залихи за премиум телефоните не се доволни, па аналитичарите веруваат дека може да има поголема побарувачка отколку производство поради проблеми со производството на чипови.

Сето ова значи дека фабриките работат со полна брзина за да ги исполнат желбите и очекувањата на клиентите, односно љубителите на кинескиот бренд.

Неодамна беше откриено дека „Huawei Mate 70 Pro+“ има „Kirin 9020“, за кој се вели дека е 30% подобар од неговиот претходник „Kirin 9010“. Сè уште е зад процесорите направени од „Qualcomm“, „MediaTek“ или „Apple“, но „Huawei“ полека фаќа чекор со своите глобални ривали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП