6 мај, 2025
ПочетнаАВТОБИЗ„Mercedes-Benz“ лансираше нов кампер базиран на „V-Class“ (ФОТО)

„Mercedes-Benz“ лансираше нов кампер базиран на „V-Class“ (ФОТО)

Уште пред десет години, „Mercedes V-Class“ стана основа за сопственото семејство на кампери и рекреативни возила на германската марка. За да ја прослави својата 10-годишнина, успешниот модел доби нова и доста интересна надградба.

Сега кога годишнината се ближи кон крајот, „Mercedes-Benz“ го проширува своето портфолио со лансирањето на „V-Class Camper Marco Polo HORIZON“. Цената на деби овој кампер во Германија ќе стартува од 58.939 евра. Речиси сите иновации на „V-Class“ се достапни во овој кампер.

„Новиот кампер ќе ги задоволи потребите како „XXL“ лимузина со осум седишта и ќе има ексклузивни луксузни седишта. Ќе привлече и семејства и ВИП личности. Целосно опремената моторна куќа „Marco Polo“ од класата „V“ е идеална за патниците. Има покривен кревет, преклопно седиште и ротирачки предни седишта. Ние, исто така, целосно ги обновивме стандардните карактеристики“, коментираат од одделот на „Mercedes-Benz Vans“.

Новиот кампер е опремен и со свеж, стилски нов изглед. Тоа е многу забележливо во предниот дел на автомобилот, кој се карактеризира со нова решетка на ладилникот и браник. Во зависност од избраниот пакет карактеристики, решетката на ладилникот е врамена со LED светлосна лента.

Приспособливите LED предни светла со повеќе зраци даваат уште еден стилски допир. Задниот дел се карактеризира со редизајнирани LED светла и во комбинација со одделно отвореното задно стакло, нова хромирана лента со натпис на „Mercedes-Benz“. Новите бои на каросеријата и дизајнот на тркалата го комплетираат надворешниот впечаток.

Во внатрешноста, клиентите ќе најдат модерен кокпит со голем формат со два дисплеи со дијагонала од 31,24 см. Новини се и стилските отвори за воздух, воланот и централната конзола, која опционално поддржува безжично полнење на паметни телефони. Иновации за зголемена удобност се функцијата „KEYLESS Start“ и загреаниот волан, амбиенталното осветлување, кое сега има 64 бои и кое создава уште попријатна атмосфера.

Новото рекреативно возило нуди и докажана максимална функционалност со седум седишта и пет кревети. Ова го прави идеален за викенд патување на море или планина. Стандардната опрема вклучува тросед софа (1,93 x 1,35 метри) и кревет во покривот што се повлекува (2,05 x 1,13 метри).

Исто така, како и досега, достапни се две предни седишта кои се вртат и се вклучени како стандардна опрема. Дополнителна преклопна маса во задниот дел овозможува пријатни собири со пријателите во внатрешноста на возилото. Надворешен електричен приклучок и дополнителна греалка се исто така меѓу додатоците на камперот.

Овој автомобил, како и стандардните модели „V-Class“ и „V-Class Marco Polo“, се вклопува во сите стандардни гаражи и катни паркиралишта. Доаѓа со ефикасниот и моќен дизел мотор OM654 – со погон на задните тркала стандардно или со погон на сите тркала како опција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП