25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАZTE и официјално пристигнува во Источна Европа

ZTE и официјално пристигнува во Источна Европа

zte evropa

Компаниите „ZTE“ и „ASBISc Enterprises PLC“, неодамна потпишаа договор за дистрибуција на смартфоните на „ZTE“ во осум земји, како Македонија, Србија, Полска, Романија, БиХ, Бугарија, Хрватска и Словенија.

Дистрибуцијата и директната продажба преку продажните места на „ASBIS“ ќе започне со „Blade V“, „G“ и „Blade Grand S Flex“, а овие модели ќе бидат достапни во последниот квартал од оваа година.

Крис Едвард, директорот за маркетинг и развој за Европскиот пазар на „ZTE Corporation“ изјави,

„„ZTE“ стана еден од најпопуларните производители на мобилни телефони во Источна Европа со моделите „ZTE Grand“, „Blade“ и „Kis“, кои се достапни во целиот регион. Исто така, сакаме да нагласиме дека со ова партнерство „ZTE“ се обврзува на своите купувачи да им испорача уреди со висок квалитет и пристапни цени“.

„ZTE“ секторот за мобилни уреди е само една од дивизиите на компанијата „ZTE“, која се занимава со глобална телекомуникациска опрема, мрежи и мобилни уреди, а е со седиште во Шенџен во Кина.

Според „IDC“ анализата на глобалната индустрија, „ZTE“ е еден од топ 5 производители на мобилни телефони и смартфони во светот. Компанијата произведува комплетна палета на мобилни уреди, вклучувајќи мобилни телефони, таблети, модеми, десктоп компјутери и многу други уреди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП