22 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАИзвршниот директор на Open AI: ChatGPT го користат 300 милиони луѓе секоја...

Извршниот директор на Open AI: ChatGPT го користат 300 милиони луѓе секоја недела

ChatGPT, клучниот производ на компанијата за развој на вештачка интелигенција на Open AI, го користат 300 милиони луѓе секоја недела, изјави извршниот директор Сем Алтман на настан во Њујорк.

Тоа е голем раст откако компанијата во август објави дека бројот на корисници на ChatGPT секоја недела изнесува 200 милиони, пренесува порталот Verge.

Според Алтман, корисниците ширум светот испраќаат повеќе од 1 милијарда прашања дневно на ChatGPT.

Open AI размислува да воведе рекламирање во својот основен производ Chat GPT за да добие нови приливи во согласност со најавеното преструктуирање во фирма ориентирана кон профит, објави неодамна Financial Times.

Расходите на Open AI се очекува да надминат 5 милијарди долари оваа година, додека приходите се очекува да достигнат 4 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП