“Во присуство на производителите и дистрибутерите, повторно на едно исто место беа и производителите и дистрибутерите, направивме нешто што досега можеби никогаш не е направено, а тоа е дека сите заедно ние разговаравме извесен период и за време на тие разговори дојдовме до компромис во којшто сите страни се согласивме дека во периодот од 15-ти декември до 15-ти јануари цените на одредени производи, а тоа се повеќе од шестотини артикли, ќе бидат намалени и брендирани како што беше до сега, помалку трошоци повеќе за тебе, и се грижиме”, рече премиерот Мицкоски.
Тој нагласи дека ова не е направено со интервентна мерка од страна на Владата, не е направено со ограничување на цените, туку е консензуално решение и поради тоа нема да има за ова казнување, , туку ќе има само мониторинг на тоа дали на сите тие производи ќе бидат залепени сите овие налепници за да биде визибилно за граѓаните, за да можат тие да ги препознаат овие производи.


