18 април, 2025
ПочетнаСВЕТИграл „наградна игра“ и изгубил повеќе од 1.500 евра

Играл „наградна игра“ и изгубил повеќе од 1.500 евра

Во овој претпразничен период на социјалните мрежи може да се најдат бројни објави за наградни игри. Сепак, иако повеќето од овие наградни игри се легитимни и пријавени кај надлежните органи, некои од нив „ловат во темнина“ и единствена цел им е да се наградат себе си.

Маж од Гарешница, Хрватска пријавил компјутерска измама во која изгубил 1.595 евра на лажна лотарија, соопштија од хрватската полиција.

Измамата ја пријавил 62-годишен маж кој изјавил дека на социјална мрежа сакал да учествува во наградна игра со можност да освои седум илјади евра, го следел линкот и инсталирал апликација во која внел лични и податоци за банкарска картичка.

Непознатиот сторител ги искористил податоците и од сметката на 62-годишниот извршил уплата на 1.595 евра.

Полицијата предупредува дека никогаш не треба да споделувате информации за банкарските картички, особено не на Интернет и со луѓе кои не ги познавате.

Доколку некој сака да ви плати пари, се што треба да направите е да го откриете вашиот IBAN или вашата трансакциска сметка. Чувајте ги сите други податоци, како што се бројот на картичката, бројот на CVC или PIN-от за себе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП