22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИKara5: Војдан Карапетковски ја доби наградата Europe’s 40 Under 40 на гала...

Kara5: Војдан Карапетковски ја доби наградата Europe’s 40 Under 40 на гала вечерата во Париз

Војдан Карапетковски, извршен директор на ИТ компанијата Kara5, беше препознаен како еден од 40-те под 40 години во Европа за 2024 година во Париз.

Ова престижно признание ги слави исклучителните лидери под 40 години за нивните извонредни достигнувања, иновативни придонеси и трајно влијание врз нивните индустрии и општество.

Ексклузивната 40 Under 40 гала вечера се одржа на 21 ноември 2024 година, во луксузниот Four Seasons Hotel George V во Париз, собирајќи ги на едно место најпаметните европски таленти за да ги прослават нивните достигнувања и да ги инспирираат идните лидери.

“Препознатлив по неговото визионерско лидерство и револуционерен придонес во пејзажот на дигиталниот маркетинг, нашиот извршен директор гордо се придружи на истакнатата група на почестени, меѓу кои беа генералниот директор на Хилтон Прага, маркетинг менаџерот на Vacheron Константин Женев и маркетинг директорот на Advanz Pharma London”, велат од Kara5.

„Срдечна благодарност до неверојатниот тим на Kara5, нашите ценети долгорочни клиенти и доверливи партнери – ова достигнување немаше да биде возможно без вашата постојана поддршка и продуктивна соработка“, изјави Војдан Карапетковски, размислувајќи за колективниот напор зад ова извонредено достигнување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП