14 февруари, 2025
ПочетнаКОМПАНИИA1 Македонија со атрактивна овогодишна понуда за сите

A1 Македонија со атрактивна овогодишна понуда за сите

Новогодишното изненадување од А1 Македонија доаѓа со тарифните модели  А1 Combo со супериорен оптички интернет и телевизијата A1 Xplore TV која нуди опција за избор на канали, многубројни функционалности за корисникот како што е телевизија на сите уреди каде и да се, можност за снимање, пребарување и премотување и сето тоа со најдобриот квалитет на слика. А1 Македонија го прави овој период посебен со специјален подарок – до 6 месеци без претплата на водечките светски стриминг услуги Netflix и Max и воедно, корисниците добиваат можност да изберат некој од најпопуларните и најнапредни модели iPhone или Samsung смарт телефони.

“Како и секогаш, и овој пат, креиравме една од највпечатливите и најповолни понуди, дизајнирана да ги задоволи потребите на нашите корисници за уште повеќе комуникација, поврзаност и пристап до посакуваните содржини и уреди. Нашата цел е да ги разубавиме празничните моменти за корисниците, да внесеме свежина и позитивна енергија овозможувајќи им непречена комуникација и поврзување со најблиските. Затоа велиме, сите заедно, поврзани да блеснеме уште посилно и новата година да ја направиме уште повесела.”, изјави Методија Мирчев, Главен извршен директор во А1 Македонија.

Празничната понуда компанијата ја лансира со кампања која ги вклучува емоциите и спомените од еден од најголемите македонски хитови познат за сите генерации со кој А1 ја пренесува пораката за споделување, нагласувајќи дека секој миг може да се трансформира во нешто многу поголемо создавајќи уникатна и незаборавна празнична атмосфера за сите.

За новата понуда која е промотивна и ќе важи ограничен период, повеќе информации можат да се добијат на www.a1.mk

ПР објава

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП