23 јануари, 2025
ПочетнаСВЕТКакво е ова примирје?! Израел и Хезболах продолжија по старо, Нетанјаху брутално...

Какво е ова примирје?! Израел и Хезболах продолжија по старо, Нетанјаху брутално се закани!

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се закани со насилен одговор на нападот на либанскиот Хезболах врз воената позиција на израелската армија во областа на планината Дов на север.

„Огнот на Хезболах на планината Дов е сериозно кршење на примирјето и Израел ќе одговори со сила“, рече Нетанјаху, пренесуваат израелските медиуми.

Тој додаде дека Израел е решен да продолжи со спроведувањето на прекинот на огнот и да одговори на секој таков напад и дека малото прекршување на прекинот на огнот ќе се третира како големо.

Ова го изјави израелскиот лидер неколку минути откако либанските медиуми објавија серија израелски воздушни напади во јужен Либан.

Израел Кац, израелскиот министер за одбрана, претходно се закани дека одговорот на Израел ќе биде остар на првиот напад на Хезболах врз воена позиција на границата по стапувањето на сила на прекинот на огнот во средата минатата недела.

„Ветивме дека ќе дејствуваме против секое прекршување на примирјето од Хезболах и токму тоа ќе го направиме“, објави Кац на платформата X.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП