24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНајпопуларни апликации за уредување фотографии на смартфони

Најпопуларни апликации за уредување фотографии на смартфони

fotografiii

Уредувањето на фотографиите веќе подолго време не е само за професионалците. Новите програми ни овозможуваат едноставно сечење на фотографиите, додавање на ефекти, филтери, рамки, уредување на светлото и слично.

Ова се најпопуларните апликации кои на паметните телефони ни овозможуваат едноставно, но квалитетно уредување на сликите:

1. „PicLab HD“ – Апликацијата може да се инсталира на „iOS“ и „Android“. Можете директно да фотографирате, па да ја уредувате сликата или да се превземе од папката за фотографии на вашиот паметен телефон и да се провлече низ разни филтри, да се прилагоди контраста, осветлувањето или да се додаваат различни ефекти.

2. „SnappyCam Pro„ – Апликацијата е достапна само за оние со „iOS“ оперативниот систем. Овозможува едноставно снимање на повеќе фотографии одеднаш, а подоцна можете да ја одберете онаа која најмногу ви се допаднала.

3. „Handy PhotoHandy Photo“ – Апликацијата е достапна на паметните телефони со „iOS“ и „Android“. Лесно може да се ротира фотографијата и да се доработува. Нуди многу можности за уредување на фотографиите.

4. „WoW Camera+ Pro“ – Апликацијата нуди прво да одберете ефекти, па потоа да фотографирате. Но, исто така, сите тие ефекти можете и подоцна да ги употребите на веќе постоечките фотографии.

5. „Instagram“ – Бесплатна апликација за паметните телефони кои работат на „iOS“ и „Android“, Внатре во оваа апликација можете да ги уредувате своите фотографии, пред да ги објавите на оваа друштвена мрежа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП