20 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНикако да и тргне на индустријата!

Никако да и тргне на индустријата!

Не запираат лошите сигнали кои доаѓаат од индустријата. Државниот завод за статистика објави дека и во октомври индустриското производство бележи намалување. На годишно ниво намалувањето изнесува 1,1 отсто. Во рударскиот сектор и енергетиката има намалување на производството, а преработувачката индустрија е во раст. Во исто време има намалување и на  бројот на работници во индустријата и тоа за 3,2 отсто.

Во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација забележано е опаѓање на производството од 20.9 %. Во рударскиот сектор падот изнесува 8,2 отсто. А преработувачката индустрија е во плус и тоа од 3,1 отсто.

Доколку подлабински се проанализираат податоците може да се забележи дека намалувањето на индустриското производство е поголемо во периодот од јануари до октомври годинава споредено со истиото период лани, односно намалувањето изнесува 3,8 проценти.

„Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на тутунски производи, Печатење и продукција на снимени медиуми, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел. Според главните индустриски групи, производството во октомври 2024 година, во однос на октомври 2023 година, бележи опаѓање кај Енергија за 22.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.2 %, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.4 %, Капитални производи за 0.1 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 42.8 %“, се наведува во извештајот на ДЗС.

Што се однесува до бројот на работници во индустријата на годишно ниво статистичарите забележале намалување од 3,2 отсо. За разлика од секторите каде имаше намалување на производството, во истите има раст на бројот на работници, а намаување на работната сила пак онаму каде што индустриското производство забележува позитивни резултати.

„Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2024 година, во однос на октомври 2023 година, бележи пораст од 4.6 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1.1 %, додека опаѓање бележи во секторот Преработувачка индустрија за 3.9 %“, стои во извештајот на ДЗС.

Од почетоков на годината состојбите во индустријата се народски речено „падни – стани“. Очекувањата се дека целокупната економија ќе се подобрува во периодот што следи. Но, кризата во поголемиот дел на високо развиени држави пред се на Германија се повеќе ги намалува оптимистичките проекции кои ги имаат како на експертите така и на властите.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП