8 април, 2025
ПочетнаСВЕТСолун конечно доби метро, ​​во кое се наоѓа и археолошки музеј

Солун конечно доби метро, ​​во кое се наоѓа и археолошки музеј

Во Солун денеска свечено беше отворено новото метро во непосредна близина на археолошки локалитет од византиската и римската ера, а пред да влезат во возот патниците ќе поминат низ подземен музеј со археолошки артефакти, што е уникатен случај во светот.

За време на изградбата на подземната железница, која започна во 2006 година, работниците открија, меѓу другото, пазар од византиската ера и римски гробишта.

Тоа откритие го запре напредокот на метрото и покренаа прашања како да се продолжи со изградбата и да се зачува богатото археолошко наследство, а решението беше пронајдено во спојување на модерното и минатото – пред да се качат во возот, патниците уживаат во разгледувањето на археолошките откритија, објави Ројтерс.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис пред посетата на метрото во петокот рече дека тоа е веројатно единствениот случај во светот да се комбинираат метро и музеј.

Изградбата на солунското метро траеше речиси 20 години, делумно поради проблемите со финансирањето за време на грчката должничка криза 2009-2018 година, и е првото метро во земјата надвор од Атина.

Метрото е изградено на длабочина до 31 метар, што е подлабоко од првично планираното со цел да се задржат археолошките локалитети над тунелот, рекоа изведувачите на проектот.

„Ова е можност Солун да стане вториот Рим кога станува збор за антиквитети“, велат археолозите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП