Сите кои се трудат да го одржат своето тело во добра кондиција, во недела на 1.12.2024 година ќе можат да се приклучат на фитнес вежбите под раководство на познатата инструкторка Елена Бубало и нејзиниот тим. Настанот ќе се одржи во малата сала на Спортско рекреативниот центар Борис Трајковски во Скопје, со почеток од 10:30 часот. Сите заинтересирани можат да се пријават на следниот линк: https://shorturl.at/BunhI

„РЕсет“ настанот е во организација на Реплек, а како и на претходниот, покрај можноста за вежбање со искусната инструкторка Бубало, ќе биде поставено и детско катче со спортски реквизити за деца до 6 години, додека поголемите деца ќе можат слободно да се приклучат и да вежбаат заедно со своите родители. Во рамките на „РЕсет“ настанот, Реплек обезбедува соодветна опрема и освежување за сите кои ќе вежбаат.


