16 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАГОЛЕМО ОТКРИТИЕ: Фосилизирани отпечатоци на стапала од два вида човечки предци во...

ГОЛЕМО ОТКРИТИЕ: Фосилизирани отпечатоци на стапала од два вида човечки предци во Кенија

Фосилизираните отпечатоци од два вида човечки предци, создадени пред околу 1,5 милиони години, укажуваат на тоа дека тие се создадени за неколку часа еден од друг, велат научниците во најновата студија објавена во списанието Science.

Отпечатоци од стапала се откриени на територијата на денешна Кенија, покрај брегот на едно езеро.

Ова необично откритие покажува дека отпечатоците ги направиле два вида примати, од кои едниот е директен предок на луѓето.

Според научниците, откритието потврдува дека тие живееле рамо до рамо и нуди увид во тоа како би можеле да соработуваат или да се натпреваруваат.

Отпрвин не знаевме дека се работи за стапалки на два вида примати, изјави палеонтологот Кевин Хатала, водач на студијата, додавајќи дека дури по неколкумесечна анализа сфатиле дека се работи за необично откритие.

Илјадници фосили се откриени во областа околу езерото Туркана во Кенија во текот на децениите, од кои многу му припаѓале на директен човечки предок и биле клучни за разбирање на човечката еволуција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП