За 2025-та година, семејството „Toyota Yaris“ добива подобрен пакет опрема „GR Sport“, како и нови, модерни опции.
„Yaris“ е постојано еден од најпродаваните модели на „Toyota“ во Европа, а од неговото претставување во 1999-та година, повеќе од 10 милиони единици се продадени ширум светот, од кои повеќе од пет милиони возила се испорачани во Европа.
Најновата верзија на „Toyota“ од четвртата генерација на „Yaris“ е направена во Европа, за европските клиенти, а благодарение на естетските промени, сега нуди дополнителни опции, како и дизајнот предвиден за пакетот опрема во верзијата „Yaris GR Sport“.

Три години откако за прв пат се појави на патиштата, новиот „Yaris GR Sport“ е подобрен благодарение на новите стилски решенија за надворешноста и внатрешноста. Новата боја, „Storm Grey“, е достапна исклучиво за „Yaris GR Sport 2025“ во единечни и двобојни опции, а има и впечатливи мат тркала од 18 инчи.
Внатрешноста на верзијата „Yaris GR Sport“ сега е помодерна, со уникатни црвени шевови и нагласени металик сиви детали и е подобрена со врежано „GR Sport“ лого на потпирачите за глава, со цел чист и префинет изглед.
Палетата на „Yaris“ за 2025-та година вклучува целосно нова „Forest Green“ боја, или како елегантна монохроматска или впечатлива двобојна каросерија, која, во комбинација со контрастниот црн покрив, ги надополнува мускулестите, спортски линии и изгледа прилагоден на прецизното управување на „Yaris“ и став на пат.

Сите модели на „Toyota Yaris 2025“ и пошироко ќе ја користат идејата за „два хибриди“, со цел да се задоволат различните потреби на клиентите и да се обезбеди економичност – зборуваме, секако, за моторите „Hybrid 115“ и „Hybrid 130“.
Целиот асортиман на „Yaris“ ќе им обезбеди на возачите бројни предности на најновите технологии. „Toyota T-Mate“ ја вклучува најновата генерација на системот „Toyota Safety Sense“ за да му помогне на возачот, а дигиталното корисничко искуство го обезбедува прилагодлив екран кој ги прикажува инструментите на возачот, како и моќен мултимедијален систем со екрани до 10,5 инчи во дијагонала.
Возачите може да ја очекуваат новата „Toyota Yaris“, вклучувајќи ја и „Toyota Yaris GR Sport“, во 2025-та година, а почетокот на производството е планиран за февруари следната година. Од компанијата засега не ја откриваат цената по која ова возило ќе се продава на европскиот пазар.