7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLexus RC Coupe (фото)

Lexus RC Coupe (фото)

rc coupe111

„Lexus“ ги објави првите фотографии и технички детали на моделот „RC Coupe“ пред неговата премиера која ќе се одржи на саемот во Токио.

На новиот модел беа усвоени стилските детали кои „Lexus“ веќе неколку години ги промовираше низ концептите, како што се „LF-LC“ и „LF-CC“. Тоа може да се забележи на предниот дел на ова возило, но и на силуетата на автомобилот.

Компромиси сепак биле направени, пред се во дизајнот на фаровите кои се конвенцијални и веројатно претставуваат евтино решение во однос на значително успешниот дизајн кој го видовме на концептот „LF-CC“.

rc coupe 1

Слично може да се каже и за маската на ладилникот која изгледа како на концептот. Поедноставни се и стоп-светлата, но силуетата на автомобилот останува повеќе или помалку иста.

Автомобилот е опремен со големи 18 инчни алуминиумски тркала кои го засилуваат впечатокот на спортски автомобил, а како опција ќе бидат достапни и уште поголеми тркала од 19 инчи.

Внатрешноста делува софистицирано и луксузно. На врвот на централната конзола се наоѓа седуминчен екран за мултимедијалниот и навигациски систем чија содржина може да се управува преку „Remote Touch“ кој се наоѓа покрај менувачот и кој претставува новина во моделите на „Lexus“.

rc coupe 3

Во Токио ќе бидат изложени две верзии, „RC 350“ и „RC 300h Hybrid“. Првиот ќе добие погон од 3.5 литарскиот V6 бензинец, додека хибридниот модел покрај бензинскиот аграгат од 2.5 литри ќе биде засилен и со електромотор.

Двете верзии се долги 4.693 mm, имаат ширина од 1.838 mm, a пак високи се 1.394 mm. Меѓуосовинското растојание изнесува 2.730 mm.

rc coupe 2

Наскоро може да се очекува и топ моделот „RC F“, чиј прототип веќе го видовме за време на тестирањата во Нирбургринг, а кој под хаубата најверојатно ќе има 5.0 литарски V8 со 461 ks (339 kW) и 543 Nm максимален вртежен момент. Овој автомобил би можел да биде претставен во јануари на саемот во Детроит.

Повеќе технички детали за „Lexus RC Coupe“ ќе бидат познати по неговата официјална премиера на крајот на ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП