12 мај, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАMicrosoft развива рачна Xbox конзола

Microsoft развива рачна Xbox конзола

Одделот за игри на Microsoft бара нови начини да придобие повеќе корисници. Во едно неодамнешно интервју, шефот на овој оддел, Фил Спенсер, најави дека иднината на Xbox ја гледа во рацете на корисниците. Според него, Microsoft развива рачна Xbox конзола. Сепак, тој нагласи дека сето тоа е сè уште во раните фази на развој и дека ќе поминат уште неколку години додека таа конзола да ја види светлината на денот.

Пазарот на рачни конзоли порасна во последните неколку години, особено откако се појавија брзи и ефикасни процесори способни да понудат висококвалитетно искуство за играње во мали уреди кои можат да се вклопат во рацете на корисникот. Трендот започна со Nintendo Switch, но тој се заснова на сега просечен, децениски ARM процесор. Него го наследија уреди како Steam Deck кои донесоа поголема моќност и графички способности слични на компјутерот за игри.

Засега е рано да се знае името на идниот рачен Xbox, а Спенсер не ги спомна ниту спецификациите. Тој рече дека хардверскиот тим изградил прототип и во моментов ги истражува пазарите за да ги процени финансиските аспекти.

Покрај прототипот, Спенсер изјави дека се работи и на подобрување на мобилната апликација Xbox за постоечките рачни конзоли. Идејата е да се осигура дека игрите и искуствата на играчите може да се пренесат помеѓу уредите, а тоа ќе биде една од главните функционалности во екосистемот Xbox Game Pass. Планирана е и продавница за мобилни апликации, за која се наведува дека развојот во моментов е паузиран до завршување на истражувањето на пазарот.

Овие планови веројатно произлегоа од „проблеми“ со постоечките Xbox конзоли. Иако Microsoft сè уште официјално нема објавено информации за продажбата на конзолите од серијата Xbox X и S, се проценува дека вкупниот број продадени единици е помал од 30 милиони. Тоа е двојно помалку од вкупно продадените копии на конзолата Sony PlayStation 5. Microsoft веќе призна дека не заработува од продажбата на самите конзоли, но не може да профитира ниту од игрите, доколку корисниците одлучат да купат конкурентска конзола.

Иако Microsoft досега направи неколку аквизиции со игри кои не мора да се играат само на Xbox конзолата, компанијата мора да направи нешто доколку сака да продолжи да прави сопствен хардвер за игри. Со производство на рачна конзола, тој ќе си обезбеди нова целна група на клиенти, за да може да го прошири бројот на своите корисници. Дали ќе успеат во таа намера ќе видиме во наредните години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП