Четботот Gemini на Google, создаден врз основа на вештачка интелигенција, има нова функција која му овозможува да запомни информации за личниот живот на корисникот, велат од компанијата.
Ако, на пример, побарате од четботот Gemini да ја запомни храната што ја сакате и следниот пат кога ќе побарате препораки за ресторани, тој ќе го прилагоди изборот на ресторан според вашите преференции, пренесува Tech Crunch.
Новата функција можат да ја користат само претплатниците на Gemini со месечна претплата од 20 долари и засега не е достапна во мобилните апликации за Android и iOS.
Компанијата забележува дека оваа функција, која моментално поддржува само прашања на англиски јазик, може да се исклучи во секое време, но податоците на корисниците се чуваат додека не се избришат рачно.
Вештите хакери во некои случаи можат да ги искористат мемориските функции на четботовите Gemini и ChatGPT со вметнување „лажни спомени“ и крадење на кориснички податоци, предупредуваат истражувачите.