21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИ„Gap“: Сезоната за празнично пазарување започна добро

„Gap“: Сезоната за празнично пазарување започна добро

Ураганите и несоодветно топлото време ја погодија продажбата на „Gap“ во фискалниот трет квартал, но компанијата за облека сепак објави резултати подобри од очекуваните, што ја натера да ја зголеми својата годишна прогноза за приходите по трет пат оваа година, објави „CNBC“.

„Gap“, кој ги поседува „Old Navy“, „Banana Republic“, „Athleta“ и нејзиниот истоимениот бренд, сега ги очекува своите приходи од продажба во фискалната 2024-та година да се зголеми меѓу 1,5% и 2% во споредба со претходната прогноза за „благ пораст“. Ова го надмина растот од 0,4% што го очекуваа аналитичарите во „LSEG“ и навестува добро за најважната празнична шопинг сезона, која веќе започна.

Компанијата, исто така, очекува бруто-маржите и оперативниот профит да пораснат повеќе од претходно прогнозираните.

„Gap“ објави нето добивка за кварталот до 2-ри ноември од 274 милиони долари, или 72 центи по акција, наспроти 218 милиони долари долари, или 58 центи по акција, една година претходно.

Приходите од продажба се зголемија на 3,83 милијарди долари, што е за 2% повеќе од износот една година порано.

Бизнисот на „Gap“ беше погоден од несезонско топло време, кое тежи околу 1 процентен поен на растот на приходите од продажба во кварталот, додека бурите и ураганите доведоа до пад од 2 отсто во вкупната продажба на продавниците, рече извршниот директор Ричард Диксон во интервјуто за „CNBC“.

„Имавме необични околности, урагани, бури што резултираа со затворање на речиси 180 локации на врвот на ударот. ‘Old Navy’, најголемиот бренд на ‘Gap’ според приходите, беше најтешко погоден од невремето. Веднаш штом се промени времето, продажбата ‘отскокна’ и сезоната на празнични шопинг е ‘силен почеток’ досега“, рече Диксон. Откако Диксон го презеде „Gap“ пред нешто повеќе од една година, тој работеше на враќање на бизнисот кон успех по години на опаѓање. Под негово водство, компанијата се сврте кон носталгичен маркетинг и партнерства со познати личности за да ја врати својата културна важност. Приходите од продажба пораснаа во изминатите четири квартали, но компанијата сѐ уште е помала отколку што беше порано. Критичарите велат дека треба да направи повеќе за да ја прилагоди својата мешавина на производи и да ја зголеми продажбата по целосна цена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП