17 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа основен живот во Македонија потребни се 62.021 денари

За основен живот во Македонија потребни се 62.021 денари

Сојузот на синдикатите на Македонија(ССМ) ја пресмета вредноста на синдикалната минимална кошница за месец ноември 2024 година. За едно четиричлено семејство да може основно да живее му се потребни 62.021  денари, и споредена со месец октомври е зголемена за 772 денари.

Доколку се изнајмува стан од 60 м2, за октомври кошницата изнесува 77.396 денари.

Од ССМ велат дека некој се богати на грбот на граѓаните и работниците, а не ги почитува мерките на Владата кои се креираат за да се помогне на граѓаните со ниски примања.

Од ССМ посочуваат дека вредноста на синдикалната минимална кошничка за ноември 2024 година која изнесува 62.021 денари, споредена со Синдикалната минимална кошница од јануари 2024 година (57.163) е зголемена за 4.858 денари, односно за 8,5 отсто. Додека кај храната и пијалоци СМК за ноември изнесува 22.678 денари споредена со јануари 2024 година (21.007 денари) зголемена е за 1.671 денари, односно за 7,9 отсто.

ССМ бараат Владата да ги вклучи при креирање на мерките за тие да бидат подобри, и дека потребни се поголеми контроли, а доколку е потребно и казни за несовесните трговци кои се богатат на грбот на работниците и граѓаните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП