КОМПАНИИ

Отворен ресторан во Тајван посветен на култната кукла Барбика

 barbi

Американскиот производител на играчки „Мател“ отвори ресторан во Тајван, посветен на култната кукла Барбика.

Ресторанот во моментов е единствен од таков тип во светот, бидејќи оној во Шангај, кој функционираше по ист концепт е затворен пред две години, поради неуспешно работење.

Претставникот на компанијата за регионот на Кина, Иги Јип изјави дека Тајван е избран бидејќи таму тематските ресторани се многу популарни и верува дека Барби кафе одлично ќе ја промовира нивната марка.