21 април, 2025
ПочетнаСВЕТУште една поддршка на Бајден: Еве сега што Америка и испраќа на...

Уште една поддршка на Бајден: Еве сега што Америка и испраќа на Украина

Американскиот претседател Џо Бајден повторно даде „зелено светло“ за давање воена помош за Украина, овој пат одобри испраќање противпешадиски мини. Овој потег има за цел да го забави напредувањето на Русија во источна Украина.

Соединетите Држави очекуваат Украина да ги користи овие мини исклучиво на нејзина територија и во согласност со обврската да не ги поставува во цивилни области, изјави неименуван претставник за Ројтерс. Досега, САД ја снабдуваа Украина со противтенковски мини, но додавањето на противпешадиски мини има за цел подиректно да ги забави руските копнени трупи, додаде истиот претставник.

Американските мини се разликуваат од руските по тоа што се програмирани да станат инертни по одредено време. Тие бараат батерија за да се активираат, а мините стануваат безопасни кога батеријата ќе се потроши.

Потсетуваме дека претходниот ден Украина употреби американски ракети ATACMS во нападите врз руски цели, искористувајќи го новото одобрение на администрацијата на претседателот Бајден.

Од друга страна, Москва оцени дека испораката на ракетите ATACMS, кои имаат најголем дострел меѓу американското оружје испорачано на Украина досега, е јасен сигнал дека Западот сака да го ескалира конфликтот.

Како одговор на овие потези, претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша указ за усвојување на нова нуклеарна доктрина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП