Под слоганот „Вкуси го мометот, искуси ја авантурата“, изминатот викенд во винарската визба „Тиквеш“ во Кавадарци се одржа петнаесетото издание на Фествалот на младо вино – еден од најпрестижните настани во регионот, посветени на виното и винската култура со кој оваа година го прославуваме секој момент на уживање и авантури кои ги раскажува виното и ги доживуваат оние кои го уживаат. И годинава, на настанот за кој цела година се зборува и со нетрпение се очекува, присуствуваа голем број пријатели, соработници и парнери на „Тиквеш“ од земјава, целиот регион и пошироко, со што придонесоа во градењето на автентичната винска култура и традицијата на евалуација на виното од најновата берба во нашата земја, по примерот на останатите земји – големи произвдители на вино во светот.

„Некој мудар човек рекол ,Не оди по веќе трасирани патеки, оди таму кај што нема пат и остави трага зад себе’. За нас во Тиквеш секоја берба е нетрасирана патека. Навикнати сме да се соочуваме со различни услови, ситуации, проблеми… Но, сакаме да оставиме трага. И не било каква трага. Она што го правиме е на ниво на најдоброто во светот. Затоа ги ангажираме најдобрите светски експерти и ги применуваме најмодерните светски практики во произвдството на вино. Затоа квалитетот на нашите вина е на рамниште со најдобрите и тоа е потврдено од вински експерти и критичари и со многуте освоени награди. Истовремено, се трансформираме во зелена винарница и применуваме ЕСГ-стандарди за да ја заштитиме околината, да го сочуваме биодиверзитетот и да ги ублажиме климатските промени“, истакна меѓудругото претседателот на Усравниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски, во своето поздравно обраќање пред присутните на годинешниот фествал. Искажувајќи благодарност до сите соработници и партнери – лозарите, купувачите, добавувачите, институциите, локалната заедница и останатите домашни винарници, Јаневски рече: „Нашиот успех е и ваш успех и не би бил возможен без постојаната поддршка што ја добиваме. Ви благодариме што сте дел од нашите активности, што ја разбирате нашата визија и што придонесувате за нејзиното остварување“.





