19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАGTA V веќе продадена во 29 милиони копии

GTA V веќе продадена во 29 милиони копии

grrannddd petka

Дури и за време на нејзиното појавување на пазарот, во септември оваа година, на сите им беше јасно дека новата игра во серијалот „GTA“ ќе забележи значителен успех на пазарот, меѓутоа „Grand Theft Auto V“ со бројката на продадени примероци ги изненади и самите сопственици на франшизата.

Во своето соопштение тие истакнаа дека досега играта „Grand Theft Auto V“ со 29 милиони продадени примероци ја надминала вкупната продажба на претходната верзија на играта „GTA 4“. Сепак компанијата не објави податок колку од продадените примероци се за „PS3“, а колку за „Xbox 360“, но како и да е вкупната бројка и тоа како е импресивна.

Во исто време, компанијата ги објави и своите финансиски податоци за третиот квартал, а кои изнесуваат 1.27 милијарди долари од прометот и 325.6 милиони долари приходот, што исто така е многу импресивно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП