22 април, 2025
ПочетнаСВЕТУкраинците нападнаа руски воен арсенал

Украинците нападнаа руски воен арсенал

Синоќа се слушнале експлозии во близина на градот Карачево во Брјанската област. На социјалните мрежи се појавија снимки од експлозијата.

Андриј Коваленко, шеф на украинскиот центар за сузбивање на дезинформации, објави дека е нападнат арсеналот на Главната ракетно-артилериска управа на Руската Федерација. Тој не прецизираше што точно го предизвикало нападот.

Гувернерот на Брјанската област Александар Богомаз пред експлозиите најави дека постои опасност од напад со дрон. Тој подоцна објави дека дронот е уништен и дека нема жртви или материјална штета.

Американскиот претседател Џо Бајден донесе „добра одлука“ дозволувајќи и на Украина да користи оружје од САД за напади во Русија, изјави доцна синоќа францускиот претседател Емануел Макрон.

Макрон додаде дека одлуката на Бајден е одговор на руската ескалација на конфликтот со Украина со користење војници од Северна Кореја да служат заедно со руските сили.

„Русија е единствената сила која ја донесе одлуката што ескалира… всушност тоа доведе до одлуката на САД“, изјави францускиот претседател за новинарите на маргините на самитот на Г-20 во Рио де Жанеиро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП