25 јануари, 2025
ПочетнаКОМПАНИИAmazon лансираше конкуренција за Temu и Shein: Ограничување на маскималната цена на...

Amazon лансираше конкуренција за Temu и Shein: Ограничување на маскималната цена на производот

Amazon лансираше нова платформа наречена Haul, која ја ограничува максималната цена на производот на 20 долари, со цел да се натпреварува со евтините шопинг гиганти како што се Temu и Shein.

Гигантот за онлајн шопинг во средата го претстави Haul како искуство ексклузивно достапно преку мобилна апликација за американските купувачи во рамките на својата апликација за шопинг, јавува Би-Би-Си.

Amazon наведува, дека клиентите можат да очекуваат „неверојатно ниски цени“ за производите на Haul, кои „вредi да se чекаат“ до две недели за испорака.

Кинеските ривали за е-трговија на Amazon уживаа брз раст во последниве години, но исто така се соочија и со критики поради еколошките последици од производството и испораката на зголемен број евтини производи, пишува New Economy на Би-Би-Си.

„Temu и Shein се соочија со критики и поради искористување на дупките во законите за увоз, како и поради тоа што се неодржливи и еколошки неодговорни“, изјави за Би-Би-Си аналитичарот за малопродажба на Форестер, Сучарита Кодали.

Haul го претставува долгоочекуваниот влез на Amazon на пазарот на поевтини производи со подолго време на испорака – бизнис модел кој го поттикна растот на платформите Temu и Shein, се вели во текстот.

Сепак, регулаторите ширум светот стануваат се повнимателни кон платформите кои продаваат масовно произведени производи по многу ниски цени, се вели во извештајот.

Во октомври, Европската комисија покрена случај против Temu поради загриженоста дека не ја спречува продажбата на нелегални производи.

Покрај максималната цена од 20 долари, компанијата рече дека повеќето производи ќе чинат помалку од 10 долари.

Исто така, пишува New Economy, ќе биде достапна бесплатна испорака за нарачки од 25 долари или повеќе, со рок на испорака од една до две недели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП