СВЕТ

Уште една земја од ЕУ воведува контроли на своите граници, дозволата одобрена поради сериозни закани

Холандија ќе воведе контрола на копнените граници од 9 декември.

Холандската влада вчера најави дополнителни гранични контроли на копнената граница. По примерот на Германија, таа земја се обидува да ја ограничи илегалната миграција. Контролите треба да траат шест месеци.

-Време е на конкретен начин да се справиме со нерегуларната миграција и криумчарењето мигранти. Затоа, од почетокот на декември ќе почнеме повторно да воведуваме гранични контроли во Холандија – изјави холандската министерка Марјолејн Фабер.

На земјите-членки на ЕУ им е дозволено привремено повторно да воведат контрола на внатрешните граници во случај на сериозна закана.