16 април, 2025
ПочетнаСВЕТРепубликанците со Трамп ги освоија Белата куќа, Сенатот и Конгресот

Републиканците со Трамп ги освоија Белата куќа, Сенатот и Конгресот

Републиканците ги имаат Конгресот, Сенатот и Белата куќа, прв пишува Њујорк Тајмс. До овој момент не беше јасно колкава ќе биде разликата на републиканското мнозинство во Претставничкиот дом, а прелиминарните пресметки укажуваа само на мала предност пред демократите.

Во одредени критични области на Запад сè уште се пребројуваа гласовите, а на некои места разликата беше премала за цврсто да се прогласи победата на една партија.

По Сенатот и Белата куќа, републиканците ја консолидираа својата контрола над Конгресот.

Пресметката дополнително се искомплицира со оставката на пратеникот Мет Гаец од Флорида, откако Трамп најави дека ќе го номинира за јавен обвинител.

Сепак, лидерот на демократите Хаким Џефрис веќе призна дека неговата партија потфрлила.

И со тенко мнозинство, републиканците би постигнале голем триумф и пресврт.

-Републиканците во Претставничкиот дом и Сенатот имаат мандат. Тоа беше решавачка победа, рече претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон на прес-конференција пред Капитол и најави кревање на транспарентот „America First“.

Демократската партија се соочи со својот најголем удар во државата Пенсилванија, каде што републиканците го победија пратеникот Мет Картрајт, кој се наоѓа на своето место од 2013 година. Претставничката Сузан Вајлд исто така загуби, а голем број демократски кандидати ги надминаа очекувањата држејќи се на теренот на Трамп.

Демократите од Њујорк освоија три места со соборување на пратениците Марко Молинаро, Ентони Д’Еспозито и Брендон Вилијамс во долината Хадсон и Сиракуза.

Но, низ целата земја, демократските предизвикувачи потфрлија во трките за кои веруваа дека можат да победат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП