9 мај, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСелфи какво што досега не сте виделе(ВИДЕО)

Селфи какво што досега не сте виделе(ВИДЕО)

Литванскиот сателит направи селфи со навистина спектакуларни позадини, но сними и нешто што инженерите кои го контролираат не го очекуваа.

Селфито е вообичаен начин за фотографирање на себе, но кога е направено од сателит во орбитата на Земјата, тоа не е толку вообичаено.

Имено, литванскиот сателит MP42 кој орбитира околу Земјата направи селфи благодарение на вградената камера и го испрати до центарот на компанијата NanoAvionics која го лансираше. И тоа само по себе е вест, но уште поголема вест е причината поради која го направи тоа.

Сателитот имаше блиска средба со мал објект во орбитата, по што беше создадена дупка од 6 милиметри на соларниот панел на сателитот. За среќа, ударот и дупката што настана не предизвикаа потешкотии во работата на соларниот панел, а потоа ниту во работата на самиот сателит.

NanoAvionics објави дека не се сигурни што точно ја предизвикало штетата. Велат дека најверојатно станува збор за мало парче вселенски отпад или микрометеорит. Интересно е што не се ни сигурни кога точно настанала штетата. Затоа што на фотографијата која е направена пред 18 месеци нема оштетувања.

Сателитот MP42 спаѓа во категоријата на мали сателити бидејќи тежи само 130 килограми, па има помали шанси за вакви судири. Но, поголемите сателити или Меѓународната вселенска станица се изложени на такви судири секој ден.

Компаниите кои ги контролираат сателитите се повеќе се принудени да вршат маневри за да избегнат парчиња вселенски отпад да се натрупуваат во орбитата на Земјата. Според проценката на Европската вселенска агенција, во орбитата има околу 130 милиони објекти со големина до еден сантиметар кои се сметаат за вселенски отпад. Иако се мали, ако удрат на вистинското место може да предизвикаат голема штета, па дури и да го прекинат сателитот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП