8 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАССМ: Недела е неработен ден и точка!

ССМ: Недела е неработен ден и точка!

Газдите и власта да не прават коалиција за укинување на Законот за недела неработен ден. Оваа реакција на ССМ следува откако на бизнис секторот и на властите повторно им текна дека најголемиот дел од работниците во недела имаат слободен ден, па решија тоа задоволство и пред се загарантирано право да им го одземат.

На кого му пречи недела да биде неработен ден?! Сојузот на синдикати на Македонија уште еднаш на властите и на газдите им порачуваат дека не треба да се надеваат дека имаат моќ да го укинат единствениот ден во кој може достоинствено да се одморат и да се видат со своите најблиски. Ниту проширување на листата на дејности ќе има ниту ќе се смени законското решение, велат од ССМ.

„Работниците ја користат неработната недела за одмор и обнова на нивната работна сила во интерес на подобрување на нивната продуктивност од што бенефит ќе има целата држава. Во демократските држави каде претендира да биде вклучена и нашата држава, неработната недела е креативно време посветено на семејството, грижа за децата, но и време потребно за подигнување на културно, спортско и образовно ниво на работниците и граѓаните кои се најважниот ресурс на секоја држава. Потребно е воведување на четиридневна работна недела, нешто што веќе е реалност во се повеќе земји. Недела е неработен ден и точка!’

Најголем бунтовник против недела неработен ден е Стопанската комора на Македонија, кои законот го оспоруваа и пред Уставниот суд. Сега и комората за ИН индустријата настојува да се промени законот, со образложение дека новите технологии не познаваат стоп на работењето.

„Бараме големи измени во Законот за работни односи. Се надевам дека соработката што ја имаме, ќе продолжи. Го поздравуваме Советот за дигитална трансформација на државата. Се надеваме дека дигиталната трансформација брзо ќе се случи, а тоа значи ставање на сите хартии и документи во дигитална форма. Потоа ќе поминеме на фазата интероперабилност меѓу институциите за да можат граѓаните да почувствуваат дека навистина нешто е направено и дека побрзо ќе течат процесите“, велат од ИТ Комората.

Потврда дека властите имаат намера да го менуваат Законот за недела неработен ден, прво даде министерката за финансии кое уште пред три месеци спомна дека потребна е промена на постоечкиот закон. Информациите до кои дојде Денар се дека на Илинденска се на став дека треба да се дозволи сите индустрии да може да работат во недела, но за тоа соодветно да добијат плата. Но, синдикалците не попуштаат во своите намери, недела да остане слободен ден за работниците.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП