Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр. 11/2024 за долгови доспеани до 31.07.2024 и неплатени до 31.10.2024 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На Листата на должници бр.11/2024 објавени се 1984 должници – правни лица (повеќе за 8 од претходната листа) и 3830 физички лица (повеќе за 44 од претходната листа).

