21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИПазарната вредност на Тесла надмина трилион долари

Пазарната вредност на Тесла надмина трилион долари

Пазарната вредност на американскиот производител на електрични автомобили Тесла достигна еден трилион долари.

Цената на акциите на Тесла се зголеми за повеќе од шест отсто на 317,6 долари. Со растот на акциите, пазарната вредност на Тесла надмина трилион долари.

Со ова компанијата Тесла го зазеде деветтото место меѓу највредните компании во светот.

Акциите на компанијата, чиј извршен директор е Илон Маск, пораснаа откако републиканскиот кандидат Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД во вторникот.

Маск, еден од најголемите поддржувачи на Трамп, донираше повеќе од 130 милиони долари за неговата кампања.

Акциите на Тесла пораснаа за повеќе од 27 отсто од почетокот на неделата со изборната победа на Трамп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП