10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAлфа се фокусира на модели со заден погон

Aлфа се фокусира на модели со заден погон

guliaa

На радост на бројните љубители на спортски автомобили, новиот петгодишен план на Алфа Ромео вклучува и неколку модели со погон на задните тркала.

Шефот на групацијата Фиат-Крајслер, Серџо Маркионе, најави дека на крајот на март 2014-та година ќе биде готов новиот план за развој и производство на моделите на Алфа за следните пет години.

„Продолжуваме со работата на новиот план со кој ќе биде утврдена иднината на Алфа Ромео“, вели Маркионе.

Тој не откри детали за новата петгодишна стратегија, но „Automotive News“ известува дека покрај моделите со погон на предните тркала, како што се Џулиета и Мито, во понудата ќе се најдат и автомобили со заден погон и погонот 4×4.

Овие модели ќе ја делат платформата со автомобилите од гамата на марките Крајслер и Доџ. Алфа Ромео ќе лансира најмалку четири автомобили кои ќе бидат базирани на оваа платформа, вклучувајќи го и најавениот модел Џулија, во седан и караван верзија, потоа топ лимузина и кросовер од средна големина. Првиот модел со новата платформа ќе се најде во продажните салони кон крајот на 2015-та или почетокот на 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП