22 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАthingCHARGER може да напојува неколку уреди без да губиме слободен контакт

thingCHARGER може да напојува неколку уреди без да губиме слободен контакт

thing charger

Секој пат кога треба да ги полниме мобилните уреди, а се случува премногу често, треба да жртвуваме еден контакт. Креаторите на „thingCHARGER“ сметаат дека нашле интересно решение за проблемот.

Нивниот полнач се вклучува во контактот како секој друг, но освен тоа дава два дополнителни контакти, а самиот мобилен уред може да се полни преку „USB“ портот кој се наоѓа во горниот дел на „thingCHARGER“. Освен тоа овој уред работи на модуларен принцип. Тоа овозможува да бидат поврзани два или три полначи еден со друг, на тој начин ќе можат истовремено да се полнат уште уреди, а притоа на располагање ќе ги имаме и двата слободни контакти.

Уредот ќе се испорачува со отстранливи адаптери за „Micro USB“, „Mini USB“, „Apple 30 – pin“ и „Lightning“ стандардите. Според неговите творци со него ќе може да се полни било кој мобилен уред.

„thingCHARGER“ не користи енергија постојано, бидејќи располага со копче за активирање и деактивирање. Па така може да стои постојано поврзан со штекерот и да се користи како своевидна спојка.

Полначот ќе се продава по цена од 42 долари за еден уред. Неговиот единствен недостаток е тоа што ќе се нуди само во верзија за двојни контакти, кој не се користи кај нас. Барем за сега, бидејќи ако се уредот постигне голем успех, може да се појави и во други модификации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП