19 април, 2025
ПочетнаСВЕТБарселона во колапс поради поплавите

Барселона во колапс поради поплавите

Додека жителите на регионот Валенсија се уште се опоравуваат од катастрофалните поплави во кои загинаа повеќе од 200 луѓе, во понеделникот нови поројни дождови погодија делови од Шпанија.

Метеоролошката служба АЕМЕТ извести дека „метеоролошката криза заврши во провинцијата Валенсија“ каде што продолжува потрагата по исчезнатите. Сите очи сега се вперени во Каталонија каде властите повикуваат на максимална претпазливост поради обилните дождови.

Црвено предупредување е издадено за Барселона што укажува на „екстремна опасност“ поради бурен дожд.

Во Каталонија, приградските возови привремено се прекинати „поради неповолните временски услови и предупредувања за обилни дождови“, објави операторот Rodalies de Catalunya на својата веб-страница.

Во Барселона утрово на аеродромот Ел Прат падна 81 литар дожд на метар квадратен на час, поради што 15 авиони беа пренасочени кон други аеродроми. Министерот за транспорт Оскар Пуенте извести дека на аеродромот ќе биде формиран кризен штаб кој ќе ги следи ефектите од невремето врз воздушниот сообраќај таму.

„Не патувајте освен ако е апсолутно неопходно“, предупреди АЕМЕТ преку социјалната мрежа Х.

Во блиската област Баикс Лобрегат, каде живеат 840.000 жители, наврнале 180 литри дожд на метар квадратен. Ова е сепак забележливо помалку отколку во провинцијата Валенсија, каде пред четири дена наврнаа повеќе од 400 литри на метар квадратен на час.

Најмалку 217 лица загинаа како последица на обилните дождови во источна Шпанија кои предизвикаа поројни поплави. Шест дена по невидената поплава продолжува акцијата за пребарување и спасување со се уште непознат број исчезнати лица, а на помош дојдоа илјадници војници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП