Седницата на Економско социјалниот совет денеска нема да се одржи. Иако министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочовска пред неколку дена најави дека на следната седноца на ЕСС која ќе биде во понеделник ќе се разговара за висината на минималната плата која треба да важи од пролет, тоа нема да се случи. Денар стапи во контакт со останатите два социјални партнери, а тоа се Сојузот на синдикати и Организацијата на работодавачи, но тие имаа идентичен одговор, за најавената седница слушнале од медиумите, односно никој нив не ги известил.
Сега се поставува прашањето која е причината што властите се откажаа од идејата да се разговара за раст на минималецот? Дали изјавата на министерката беше избрзана или не тоа не можеме да го заклучиме, но одговор и објаснување треба да има од страна на властите. Како што и напоменавме, лично министерката истакна дека тгрреба да се дебатира за зголемувањето на минималната плата, кое ќе се случи во март идната година.
„Во понеделник ќе има Економско – социјален совет, односно на маса ќе седне Владата, Синдикатот и Организацијата на работодавачи да преговараат за минималната плата. Ако има само редовно усогласување на минималната плата, согласно сегашната законска регулатива, таа според сегашните проценки, ќе биде околу 24.400 денари“, информираше Димитриеска Кочоска.
Синдикалците се зачудени, прво за најавена средба и второ дека тие немаат покана. Нивниот став сега е дека многу несериозно е да се најавува седница на ЕСС на која ќе се зборува за висината на идниот минималец, а потоа да нема ништо од тоа, ниту седница ниту предлог. Како и да е, од ССМ велат дека остануваат на нивното барање, минимална плата од 450 евра.
Што се однесува до Работодавачите, од таму исто така ни посочија дека се изненадени по ваквите потези на властите. Тие додаваат дека седниците на Економско социјалниот совет тгреба да ги свикува министерот за економија и труд, претходно оваа надлежност ја имаше министерот за труд и социјална политика, а не министерот за финансии. За денешната најавена срдба велат дека не добиле никаква покана. Работодавачите за Денар велат дека се подготвени да преговатаат со синдикалците за повисок минималец, но секако со владата ќе мора да договорат и мерки за подобрување на продуктивноста бидејќи незибежен ќе биде и растот на остганатите плати во компаниите.
Инаку, според членот 4 од Законот за минимална плата, висина на минимална плата во бруто износ за месец март секоја година се усогласува по два основа, и тоа 50% од порастот на просечно исплатената нето плата, за претходната година, и 50% од порастот на трошоците на живот, за претходната година. Официјалните податоци се земаат од Државниот завод за статистика.
И.П