Во текот на вчерашниот ден дел од граѓаните се упатија кон маркетите да ги купат намирниците кои се продаваат по намалени цени, бидејќи од денеска веќе есенската кошнича не важи. Трговците немаат повеќе обврска да работат со органичени маржи. Тоа што е забележително ова утро во малопродажбата е дека нема промена на цените на производите. Првичните ракции беа дека голем бенефит немаат граѓаните, а тоа можеше да се оцени според секојдневните анкети кои ги имаат медиумите пред продажните центри. Од друга страна властите се задоволни од првата ваква мерка и нивната проексција е дека во домашниот буџет имало заштеда од над 1000 денари доколку се купувале производите кои се опфатени со мерката.
Мерката за ограничување на маржите заврши, а цените засега не се променети. Трговците решија да ги остават истите цени, барем во првиот ден кога може своеволно да ги диктираат цените во маркетите. Ако реално се проанализира мерката можеше да се забележи дека добар дел од прехранбените производите, било тоа да се од месната, млечната, се продаваат по цени намалени од околку 40- 50 денари за килограм. Но, најголемиот дел од граѓаните и покрај ваквите намалени цени и натаму секојдневно се жалеа дека храната е многу скапа. А пресметките на властите се сосема други.
„Има вкупно 43 прехранбени производи што влегле по автоматизам во есенската кошничка, но во есенската имало 73. Ако земеме 960 денари, приближно 1.000 денари, од синдикалната наспроти есенската кошничка, просекот би бил од 1.200 до 1.500 денари. Можеби, луѓето очекуваа драстично намалување, но нашата цел беше стабилизирање на цените, инаку ќе беа многу повисоки“, велат од Министерството за економија.
Се ќе беше подобро ако трговците не ги зголемија цените пред да биде усвоена мерката. Ова е коментарот на ССМ кога излезе конечната пресметка на синдикалната потрошувачка кошничка. Намалувањето на трошоците на домаќинствата за еден месец беше ни помалку од едно евро.
„Трговците го искористија перидот кога мерката се најавуваше и ги зголемија цените па синдикалната кошничка во делот на храната и пијалаците за септември беше зголемена за околу 750 денари, а сега, за октомври, е намалена за 960 денари. Трговците беа алчни, на грбот на работниците повторно се обидуваат да заработуваат. Зголемените цени во септември само ги намалија во октомври и повторно останаа со истиот профит“, велат од ССМ.
Владата вчера директно се закани на трговците дека доколку се утврди дека нереално бидат зголемени цените во периодот што следи, ќе бидат санкционирани тие несовесни бизнисмени. Инаку, на сила е и Законот за нефер трговски практики, но со посериозно темпо ќе биде неговата примена од први јануари. Во меѓувреме властите најавуваат дека ќе следни нова кошничка со намалени цени за Нова година и божиќните празници. Инаку, дел од економистите на неколку пати апелираа дека нема потреба да се носат мерки за намалување и ограничување на маржите, туки да се интервенира во висината на платите, кога луѓето ќе имаат повисоки примања ќе имаат и подобра куповна моќ.
И.П