Добивката на британски „BP“ во периодот јули-септември се намали на 2,3 милијарди долари по 2,8 милијарди долари во вториот квартал од 2024-та година и 3,3 милијарди долари во третиот квартал од 2023-та година, се вели во финансискиот извештај на компанијата.
Ова е најлошиот учинок на компанијата во речиси четири години, односно од времето на пандемијата на коронавирусот, кога нафтената индустрија беше еден од најтешко погодените сектори по ограничувањето на движењето.
„Причината е слабата побарувачка за нафта и горива, како и ниските цени на нафтата“, прецизира „BP“.
Нафтата значително падна во текот на летните месеци поради податоците за побавниот развој на кинеската економија.
Компанијата ја задржува големината на својата програма за откуп на акции непроменета на 1,75 милијарди долари и во следниот квартал, но ќе го разгледа во февруари 2025-та година. Обврските скокнаа од 22,6 милијарди долари во вториот квартал на 24,3 милијарди долари во услови на помали готовински приходи и зголемени капитални трошоци.
Компанијата, исто така, потпиша два меморандуми за соработка со азербејџанскиот „Сокар’ за истражување на два блока во Азербејџан, се вели во поднесениот извештај.
„Гледаме потенцијал за раст на нафтата и гасот оваа деценија“, рече извршниот директор на „BP“, Мареј Очинклос.
На почетокот на месецот стана јасно дека британската компанија, која беше една од првите што најави зелени амбиции, ќе се откаже од плановите за намалување на производството на нафта за 40% до крајот на деценијата.
Промената е видлива и во другите европски нафтени компании, кои ги преиспитаа своите стратегии од почетокот на војната во Украина.