17 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАAndroid го зголемува уделот на пазарот

Android го зголемува уделот на пазарот

Android-Devices

Според истражувањето на „Strategy Analytics“, оперативниот систем „Android“ го зголемил својот удел на пазарот на преносните уреди. Во рамките на периодот јули-септември, 81.3 проценти од продадените смартфони и таблети беа базирани на „Android“. За споредба, пред една година бројката беше 75 проценти.

На второ место повторно е „iOS“, но популарноста на оперативниот систем е намалена. Пред 12 месеци тие имаа 15.6 проценти од испорачаните мобилни уреди кои ја користат платформата на „Apple“. Сега бројката е 13.4  проценти.

На третото место се наоѓа „Microsoft“ и нивната верзија „Windows“ за мобилни телефони и таблети со 4.1 проценти удел на пазарот. Тоа е речиси двојно повеќе од пред една година во истото време кога имаа 2.1 процент од испорачаните уреди.

На четвртото место е „BlackBerryOS“ со скромен 1 процент во пазарниот удел. За споредба, оперативниот систем можеше да се пофали со 4.3 проценти доставени паметни уреди во периодот јули-септември минатата година. Кризата во „BlackBerry“ продолжува со полна пареа и изгледа компанијата нема да се извлече од неа.

Стоте проценти во истражувањето на „Strategy Analytics“ се дополнуваат од колоната „Други“, во која влегуваат нови и помалку популарни платформи. Тие имаат 0,2 проценти удел на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП