23 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКорисниците на таблетите на Samsung се најзадоволни

Корисниците на таблетите на Samsung се најзадоволни

galaxy-tab-2-11

Според истражувањето на „J.D. Power“ кое беше спроведено од март до август месец, сопствениците на таблетите на „Samsung“ се позадоволни од своите уреди во споредба со оние кои се одлучител за „iPad“ и „Kindle Fire“.

Во студијата беа вклучени перформансите, едноставноста за користење, стилот и дизајнот, функциите и цената.

Врз основа на овие критериуми, таблетите на „Samsung“ го завземаа првото место со 835 поени од вкупно 1000, а веднаш зад нив се најде „iPad“ на „Apple“ со 833 и таблетот на „Amazon“ – „Kindle“ со 826 поени.

Истражувањето откри дека повеќе од половината од корисниците, 59 проценти, своите уреди ги купуваат во продавници, додека 41 процент од нив преку интернет.

Просечното задоволство на сите корисници на таблети од нивните уреди изнесува 821 поен.

Пред купувањето на таблетот, најголемиот број на корисници, од нив 50 проценти, се потпреле на препораките на пријателите, колегите или членовите на семејството, додека 49 проценти до своите информации дошле преку интернет страната на самиот производител.

Тие подоцна се потпирале на репутацијата на брендот, 42 проценти, како и од претходните искуства – 32 проценти.

„Samsung“ доби највеќе поени и е единствениот производител кој се подобри во сите пет категории од претходното истражување кое беше претставено во април 2013-та година.

„Apple“ се најде на второто место благодарејќи на перформансите и едноставноста при ракувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП