УНИБанка за периодот јануари-септември 2024 година оствари добивка од 336.263 илјади денари и е речиси идентична со истиот период лани, кога изнесуваше 335.112 илјади денари.
Остварените вкупни приходи од работење заклучно со третиот квартал од 2024 година изнесуваат 1.723 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од 8%.
Според банката најголем придонес во остварувањето на добивката од 336,3 милиони денари имаат приходите од камати како најзначаен елемент на банкарските приходи.
Имено, во структурата на вкупните приходи (приходи од камати, приходи од провизии и надомести, нето-приходи/расходи од курсни разлики и останати приходи од дејноста), најголемо учество од 66.1% имаат приходите од камати, кои во споредба со истиот период од 2023 година се зголемени за 9.9%, а анализата на секторската структура на приходите од камати покажува поголема ориентација на банката кон кредитирање на секторот население.
Остварените расходи заклучно со третиот квартал од 2024 година изнесуваат 1.387,1 милиони денари и бележат зголемување од 10% во однос на истиот период од 2023 година. Зголемувањето на расходите се должи на зголемувањето на расходите за камати, како и на зголемувањето на административните расходи.
Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.