22 април, 2025
ПочетнаСВЕТУкраина и Русија преговараат тајно? Започнати разговори со посредство на Катар

Украина и Русија преговараат тајно? Започнати разговори со посредство на Катар

Украина и Русија тајно почнаа прелиминарни преговори со цел да го запрат нападот врз енергетската инфраструктура, пишува денешното издание на Фајненшл тајмс.

Се вели дека Украина ја покренала иницијативата со посредство на Катар, барајќи да ги оживее претходните преговори, кои беа прекинати со нападот на Курск.

„Ова се многу рани разговори за започнување на нешто ново“, вели анонимниот дипломат, објаснувајќи дека актуелните теми се поврзани со енергетската инфраструктура. Се чини дека двете страни се заинтересирани да се запре натамошното уништување на енергетската инфраструктура.

Ситуацијата е особено тешка во Украина, каде што во претходните години 95% од енергетската инфраструктура беше уништена или оштетена. Извештајот е претпазлив, но навестува можен пат кон мирот, доколку нема надворешен политички притисок што би можел да спречи прекин на непријателствата.

Деескалација на војната?

„Договорот ќе ја означи најзначајната деескалација на конфликтот откако Путин нареди целосна инвазија на Украина на почетокот на 2022 година“, според Фајненшл тајмс.

Зеленски овој месец рече дека договорот за заштита на енергетските капацитети може да ја сигнализира подготвеноста на Москва за пошироки мировни преговори. Киев и Москва ја намалија зачестеноста на нападите врз енергетските мрежи во последните недели, според договорот постигнат меѓу нивните разузнавачки служби, изјави висок украински функционер. Како што се приближува зимата, Украина се соочува со сериозни енергетски предизвици поради обемните руски ракетни напади.

Според наводите, двете страни прифатиле дека ќе биде во нивен заеднички интерес да се запрат нападите врз енергетската мрежа на Украина и врз рускиот капацитет за рафинирање нафта.

Што е со Курск?

Клучно прашање за Русите е Курск, додека Украина верува дека ѝ се потребни ракети со долг дострел за да изврши притисок врз Русија: „Се додека Украинците имаат контрола над делови од Курск, Путин ќе продолжи да ја таргетира енергетската инфраструктура“, рече изворот. Украина планира да продолжи со нападите врз рафинерии и други цели за да ја принуди Русија да преговара, изјави висок украински функционер.

Западните медиуми и политичари често се карактеризираат со јавна реторика, која ја прикрива желбата на двете страни да ги намалат штетите и страдањата, но последниот извештај открива нов мировен предлог за Украина. „Фајненшл тајмс“ објави дека Путин минатата недела изјавил дека Русија е подготвена да ги разгледа сите варијанти на мировни договори врз основа на реалноста на теренот. Сепак, неговите услови – вклучително и контрола над четири спорни региони и укинување на санкциите – се неприфатливи за Украина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП