21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИСтопанска банка АД Скопје продолжува со силни резултати, добивка од 45 милиони...

Стопанска банка АД Скопје продолжува со силни резултати, добивка од 45 милиони евра за јануари-септември 2024

Стопанска банка АД Скопје продолжи со остварување на солидни резултати и висока профитабилност, капитализирајќи ги развојните можности втемелени врз здравата основа на Банката, видно од сите клучни индикатори.

За периодот јануари-септември 2024 година, Банката оствари добивка од 2.789.335 илјади денари, и е повисока споредено со истиот период од претходната година.

Нето-приходите од камати изнесуваат 4.644.564 илјади денари и се зголемени за 11% во однос на истиот период од минатата година, резултат во кој најголемо учество имаат каматните приходи од кредитни активности и каматните приходи од позициите за ликвидност (меѓубанкарски пласмани, депозити и вложувања во хартии од вредност), кои забележаа пораст како резултат на зголемената ликвидност на Банката која произлегува од депозитите.

Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 644.601 илјади денари и се приближно на исто ниво во однос на истиот период од минатата година.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 117.084 илјади денари и се зголемени за 5% споредено со истиот период од минатата година.

Останатите приходи од дејноста изнесуваат 342.789 илјади денари.

И покрај сè уште присутните инфлаторни притисоци и ценовни флуктуации, Банката продолжува со оперативна ефикасност во однос на контролата на трошоците од работењето. Притоа, останатите расходи од дејноста и трошоците за вработени изнесуваат 775.069 илјади денари и 863.316 илјади денари, респективно и се нешто повисоки во однос на истиот период од претходната година.

Одржувањето на квалитетот на кредитното портфолио и управување со кредитниот ризик е една од приоритетните цели на Банката. Оттука, заклучно со крајот на третиот квартал од 2024 година, Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од 922.253 илјади денари.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП