13 декември, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМаск: Во иднина ќе има повеќе роботи отколку луѓе во светот

Маск: Во иднина ќе има повеќе роботи отколку луѓе во светот

„Во иднина во светот ќе има повеќе роботи отколку луѓе“, изјави денеска американскиот претприемач Илон Маск, кој преку видео врска им се обрати на учесниците на инвестициската конференција во Ријад.

Тој изрази оптимизам за развојот на вештачката интелигенција, но истакна дека има 10 до 20 проценти шанси работите да тргнат наопаку и го повтори својот претходен став дека вештачката интелигенција може да претставува „егзистенцијална закана“, пренесува Блумберг.

Според Маск, системите за вештачка интелигенција се десет пати подобри секоја година отколку во претходните 12 месеци и „веројатно во следните година или две“ ќе можат да направат се што луѓето знаат.

Илон Маск објави дека неговата компанија Space X ќе го лансира вселенското летало Starship на Марс за две години, а дека леталото ќе има човечки екипаж за четири години.

Извршниот директор на Tesla, исто така, ја критикуваше претседателската администрација на Бајден за, како што рече, „прекумерната регулатива“ и растот на бирократијата во САД што го попречува бизнисот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП