18 јуни, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАAndroid Kit Kat - некои од новитетите

Android Kit Kat – некои од новитетите

kitkket

„Android Kit Kat“ сега и официјално е потврден, а наскоро би требало да почне да се појавува во некои телефони. „Google“ го нарекува преубав и смета дека корисниците ќе уживаат во него.

Компанијата вели дека новиот „Android iOS“ има значително префинет дизајн, подобрени перформанси и нови функции.

Сега можете да кажете „OK Google“ со „Home“ екранот или со „Google Now“ и тоа ќе го лансира говорното пребарување, а исто така ќе ви дозволи да испратите порака, да добиете инструкции во мапите или да пуштите порака. Ова засега ќе биде достапно единствено на „Nexus 5“.

Кога уредот ќе биде заклучен, ќе имате можност во полна резолуција да ја видите сликата, да го слушате омилениот албум или да пуштите филмови на „Chromecast“. Исто така ќе добиете опции за пуштање, пауза и пребарување.

Тука е и „Immersive mode“ – кој автоматски ги сокрива сите системски опции од екранот кога гледате филм или читате книга. Програмерите во своите апликации би требало да ја имплементираат оваа опција.

Побрз мултитаскинг – „Android 4.4“ подобро ја оптимизираше меморијата и го подобрува користењето на екранот чувствителен на допир.

Новата апликација за телефонот автоматски ги сортира контактите по приоритет, според тоа колку често комуницирате со нив. Додадена е и опцијата за пребарување на блиските места, контакти или луѓе во вашиот „Google Apps“ домен.

Ажуриран е и „Hangouts“, како и интеграцијата со „SMS“ и „MMS“ сервисите. Сега можете да ја делите и локацијата со праќањето на анимираните „GIF“-ови.

Сега ќе можете да печатите што сакате и кога тоа ќе го посакате, директно преку „Cloud Print“, „HP ePrint“ принерите и сите други печатачи кои имаат своја апликација во „Google Play Store“.

„Downloads“ апликацијата е редизајнирана и сега нуди нови опции за сортирање и нова перспектива на датотеките кои досега сте ги превземале.

„Маil“ – клиент исто така е редизајниран и поседува нови фолдери, контакт фотографии и подобра навигација.

„Infrared blasting“ – Уредите кои поседуваат „IR blaster“, „Android“ сега ја поддржува апликацијата за контрола на телевизорот и други уреди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП